Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Николоски: Новата линија Базел – Охрид започнува 4 месеци порано

Најавената линија Базел-Охрид која е дел од Програмата за субвенционирање на нови авиолинии на Владата започнува четири месеци порано, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски

” Продолжуваат убавите вести во авиосообраќајот

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано.

,,Европскиот аеродром” како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора.

Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.

Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет”- напиша вицепремиерот Николоски.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +