Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Спремете се за невреме, синоптичарите најавуваат значителна промена – Метеоцентар со детална прогноза следните денови

Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер.

(над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица.

Во Скопје, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме

Прогноза за 25.05.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2), проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 70 км/ч.)

Прогноза за 26.05.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 27.05.2025
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК

Лишен од слобода скопјанец, при преглед пронајдена дрога

ДЕСК

НАЈАВЕН ПРЕС ВО СДСМ: Во 12 часот и 30 минути ќе се обрати д-р Венко Филипче

ДЕСК