Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов: Власта брка политика на грбот на децата

„Власта брка политика на грбот на децата“ – обвинува градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, откако вчера добил известување од министерството за финансии дека нема пари за да се стави во функција новиот објект од градинката кој е целосно опремен.

Градоначалникот за ова говори во сторијата на телевизијата КТВ.

Во телевизискиот прилог тој препознава чиста политика и кочење пред локалните избори, поради што 40 деца се уште се на листа на чекање, иако објектот може да биде во функција во секој момент и да ги згрижи.

Николов на денешната прес конференција рече дека во февруари пак, добил допис со кој општината е известена дека парите биле обезбедени.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК