Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена, Трмп им честита

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп соопшти дека големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена.

„Штотуку беше завршена голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Им честитаме на двете страни за оваа преговарачка победа. Ова може да доведе до нешто големо“, порача Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Тру Соушал“.

Украина претходно и достави на Русија список од 1.000 воени заробеници, како дел од подготовките за најавената размена, изјави вчера претставник на украинската воена разузнавачка служба.

Договорот за спроведување на таа размена беше постигнат претходно овој месец во Истанбул, за време на првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК