9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп се огласи по пукањето во Вашингтон: Омразата и радикализмот немаат место во САД, сочувство до жртвите

Американската државна обвинителка Пам Бонди на прес-конференција по пукањето пред Еврејскиот музеј во Вашингтон, во кое беа убиени две лица, изјави дека неколку пати разговарала со претседателот Доналд Трамп.

„Во име на претседателот, неговите молитви се со сите нас – со еврејската заедница, со сите во Вашингтон и со државните, локалните и федералните агенции, како и со нашата одлична американска обвинителка Џанин Пиро, која ќе го води овој случај“, рече Бонди.

Трамп објави порака со сочувство до семејствата на убиениот пар на Truth Social кратко потоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп им упати сочувство на семејствата на двајца вработени во израелската амбасада кои беа убиени во пукање во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон.

„Овие ужасни убиства во Вашингтон, очигледно мотивирани од антисемитизам, мора веднаш да престанат! Омразата и радикализмот немаат место во САД. Сочувство до семејствата на жртвите. Жално е што вакви работи воопшто се случуваат! Нека Бог ве благослови сите“, напиша претседателот на Truth Social./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Најголема мобилизација на Националната гарда во градовите на САД во историјата

C +

(Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“

C +

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да нè заплаши

C +
error: Соддржината е заштитена.