Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и назначил генерал на вселенските сили чија цел е блокирање на заканите од Кина и Русија.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека генералот на американските вселенски сили, Мајкл Гетлајн, ќе биде водечки менаџер на програмата што се смета за клучна за военото планирање на Трамп.

„Златната купола“ ќе ја заштити нашата татковина, рече Трамп од Овалната соба, додавајќи дека Канада изјавила дека сака да биде дел од неа.

„Златната купола“ има за цел да создаде мрежа од сателити за откривање, следење и потенцијално пресретнување на дојдовни ракети.

Имплементацијата ќе трае со години, бидејќи контроверзната програма се соочува и со политичка контрола и со неизвесност во финансирањето. Демократските пратеници изразија загриженост во врска со процесот на набавка и вклученоста на „Спејс Икс“, сојузник на Трамп, Елон Маск, кој се појави како водечки кандидат, заедно со Палантир и Андурил, за изградба на клучни компоненти на системот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +