25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

НЛБ Банка и Економскиот факултет во Скопјe објавуваат повик за награден хакатон за студенти

НЛБ Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопјe, најавува организација на дводневен хакатон за студенти. Наградниот хакатон, насловен како „NextBank“ е платформа на која студентите од економскиот, но и од останатите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe можат да ги претстават своите иновативни идеи и да се вклучат во креирање на иднината на банкарството преку примена на вештачката интелигенција. 

Фокусот на „NextBank“ е ставен на трансформација на банкарските услуги и процеси, вклучувајќи подобрување на корисничкото искуство, креирање на посебна понуда/пакет за млади, спречување финансиски измами, како и развој на одржливи производи и инвестиции. Студентите ќе работат во мултидисциплинарни тимови, а низ целиот процес ќе имаат менторска поддршка од врвни експерти од академската заедница и банкарскиот сектор.

Хакатонот ќе се одржи во просториите на Економскиот факултет во Скопје во периодот од 16 до 20 јуни годинава, а рокот за пријавување на студентите е до 5 јуни.

Освен практичната работа, вмрежувањето и искуството кое ќе го стекнат со учество во овој хакатон, студентите можат да освојат и вредни тимски награди: 1.000 евра за освоено прво место, 750 евра за освоено второ место и 500 евра за третопласираниот тим.

Ги повикуваме студентите да ни се приклучат во наградниот хакатон за развој на банкарски решенија со примена на вештачката интелигенција, организиран од нашата Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопје. Овој настан претставува единствена можност за младите, талентирани и амбициозни умови да го покажат својот потенцијал и да придонесат кон иднината на банкарскиот сектор. Вештачката интелигенција веќе го трансформира светот, од начинот на кој комуницираме, учиме и работиме, па сè до начинот на кој управуваме со финансиите. Во банкарството, вештачката интелигенција ни овозможува побрзи, попаметни и побезбедни услуги, персонализирано искуство за клиентите и поефикасни интерни процеси. Веруваме дека иднината припаѓа на оние кои ќе умеат да ја разберат, развиваат и применуваат оваа технологија.“– истакнуваат од НЛБ Банка.

Инаку, иницијативата за хакатонот произлегува од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет, чија цел е поттикнување на иновациите и креативноста кај младите таленти. Ова не е само натпревар, туку инвестиција во лична надградба, но и во  иднината на модерното банкарство.

НЛБ Банка е посветена на иновации и извонредност во банкарските услуги. Преку иницијативи како што е NextBank хакатонот, Банката продолжува да го поддржува развојот на идните лидери и иноватори во финансискиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК