Centar.mk
СВЕТ

Мобилните престанаа да работат: Нови проблеми во Шпанија, по прекин на електричната енергија

Како што пишувааат странските медиуми, сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат низ цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија низ целата земја.

Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата како што се „Мовистар“, „Оринџ“, „Водафон“, „Дигимобил“ и „О2“, пишува „Метро“.

Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови како Мадрид, Малага, Барселона, Валенсија, Мурсија, Севиља и Билбао.

Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот. Исто така, беа погодени и некои 112 линии за итни случаи.

Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на обновување на услугите откако телефонските и интернет врските беа прекинати, пишуваат медиумите..

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

C +

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +