Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

БЕЗБЕДНОСТА ВО БИТОЛА НА ТЕСТ: Изгоре возило на поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ во Битола, пламените јазици зафатија уште две возила

Три возила биле опожарени во ноќешниот инцидент во Битола.

Според информациите едното од возилата било на екс кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.

Медиумите повикувајќи се на полициски извори пишуваат дека пожарот избувнал на паркинг на улица ‘Леринска’ каде од страна на непознат сторител била фрлена запалива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К.

Второто опожарено возило е ‘фолксваген пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третото зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски таблици исто така сопственост на приватна фирма.

Полицијата извршила увид.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +