Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна.
Путин испрати илјадници војници во Украина во февруари 2022 година, предизвикувајќи го најсериозниот конфликт меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Трамп, кој вели дека сака да биде запаметен како миротворец, постојано повикува на прекин на „крвопролевањето“ во Украина, кое неговата администрација го прикажува како proxy војна меѓу САД и Русија.
Под притисок на Трамп, претставниците од завојуваните земји се состанаа минатата недела во Истанбул за прв пат од март 2022 година, откако Путин предложи директни разговори, а Европејците и Украина повикаа на итен прекин на огнот.
Трамп, кој рече дека напредокот во прекинот на огнот е малку веројатен додека не се сретне тој со Путин, извести дека ќе разговара со Путин во понеделник во 16 часот. Кремљ соопшти дека подготовките за повикот се во тек./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...