Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +