Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Поставена нова подлога на детското игралиште во Капиштец, урбаната опрема да не се оштетува

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека викендов беше поставена нова подлога на детското игралиштe во паркот во Капишец, a реконструкцијата на паркот во оваа населба е во завршна фаза. На детското игралиште е поставена вештачка трева како горна подлога, при што се задржани постојните гумени плочи под неа кои служат како амортизирачки слој. Подлогата е во согласност со стандардите за квалитет и безбедност, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на децата и заштита на животната средина.

„Викендов поставивме нова подлога на детското игралиште во Капиштец, како дел од завршната фаза на целосната реконструкција на паркот. Во следните денови ќе биде поставена дополнително детска урбана опрема од лулашки, клацкалки. Во изминатиот период поставивме ново ЛЕД осветлување, изградивме нова патека за движење, засадивме ново зеленило и декоративни садници, со што се обновени вкупно 7.800 квадратни метри јавна површина. Апелирам до сите граѓани да се грижиме за новата урбана опрема, да не ја оштетуваме и заеднички да создадеме и одржуваме почиста, побезбедна и поубава животна средина за сите, особено за најмладите“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

ДЕСК