Премиерот Христијан Мицкоски на партиски настан најави големи промени во Владата и партијата.
– На нашите функционери не ретко им велам, народот сака да види дека сме различни од претходните, дека сме пристојни и дека сакаме да подобриме нешто, да ја подобриме државата и системот, граѓаните се мудри и знаат што наследивме, но истовремено ако видат забеганост и ако видат дека не си ја вршиме работата посветено онака како што очекуваат, верувајте и нас ќе не казнат. Не е страшно да се погреши, никој не очекува од нас да сме безгрешни, како што е и нормално и очекувано да се реагира брзо и да се исправи грешката, но ние немаме ни време ни простор да правиме големи грешки и во велам дека такви големи грешки нема да толерирам грешки, изјави Мицкоски.
-Го кажувам тоа јасно и децидно секогаш, а и сега. Ќе ја санкционирам како претседател на Владата, секоја забеганост, ќе ги разрешам сите оние кои ќе не посрамотат како структура и како луѓе, примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените.Затоа денес од овде најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на крајот од оваа годинава, најдоцна почеток на следната година ќе има голема промена во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единствено најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот, рече Мицкоски на партиски настан.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...