Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +

На Блискиот Исток има 50.000 американски војници, пишува „Њујорк тајмс“

C +