Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин.

Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ.

Преговорите за евентуален крај на војната во Украина се закажани за четврток во Турција. Но, веќе со денови се шпекулира за тоа кој ќе седне на масата.

Самиот Путин повика на директни преговори меѓу Русија и Украина во најголемиот турски град „без предуслови“, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ќе дојде лично и изрази очекување дека ќе дојде и рускиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +