Centar.mk
СВЕТ

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа: мртовечниците преполни со тела

Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањата продолжија низ Газа.

Според податоците од болниците, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, јавува Би-би-си.

Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било пријавено интензивно израелско бомбардирање.

Целта на нападот беше Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.

Извор од болницата „Насер“ во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодија куќи и шатори каде што беа сместени раселени семејства во градот и неговата околина.

Локалните новинари известуваат дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на одделот за итни случаи се полни со ранети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК