По констатираните теренски пропусти, односно девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул.
„Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, општина Битола достави известување до Министерството за транспорт и врски.
Во известувањето до Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Светска банка, е нагласено дека при теренска посета на улицата на 13.05.2025 година од страна на стручните служби на општина Битола, надзорниот орган и изведувачот, констатирани се големи оштетувања на завршниот слој на асфалтот на оваа улица. За таа цел, општина Битола како краен корисник, бара да се постапи под итно и да се изврши санација на видливите недостатоци на асфалтираната улица.
Исто така, при теренски увиди, констатирани се видливи знаци на оштетување и соголена арматура на самата дилатација на мостот на реката Драгор на ул. „Довлеџик“ (помеѓу бензинската пумпа Мак Петрол и црквата Св. Архангел Гаврил), кои што претставуваат опасност во сообраќајот.
Побарано е од изведувачот итно и неодложно да пристапи кон санација и на ова оштетување.