Centar.mk
СВЕТ

Германија и Велика Британија заеднички ќе развиваат оружје со дострел до 2.000 километри

Велика Британија и Германија заеднички ќе развијат ново оружје за „длабок прецизен ефект“, со дострел од повеќе од 2.000 километри, објави денес британската влада.

Проектот се потпира на обврската преземена минатата година за развој на ново оружје, кога двете земји потпишаа билатерален одбранбен договор и ја нагласија потребата, Европа да може да се одбрани од каква било ескалација на војната во Украина, пренесува Танјуг.

Како што е најавено, британскиот министер за одбрана Џон Хили и неговиот германски колега Борис Писториус ќе објават нов проект за оружје со долг дострел на состанокот во Берлин.

„Во еден поопасен свет, НАТО и европските сојузници се обединети. Ова партнерство ни помага да ја направиме одбраната двигател на растот – создавање работни места, подобрување на вештините и поттикнување инвестиции низ цела Велика Британија и Германија“, рече Хили во соопштението.

Се очекува министрите да разговараат и за заедничката набавка на торпеда за поморски патролни и извидувачки авиони и да објават договор за германска набавка на воени мостови произведени во Велика Британија, според соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК