Centar.mk
СВЕТ

Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само неколку часа откако Вашингтон и Пекинг постигнаа договор за намалување на меѓусебните тарифи и деескалација на трговската војна.

„Европската Унија е во многу аспекти полоша од Кина, во ред?“ рече Трамп, критикувајќи ја Унијата.

„Тие играат валкано. О, ќе попуштат. Само гледајте. Ние ги држиме сите карти во свои раце. Тие се однесуваат многу неправедно кон нас.“

И покрај бројните обиди на Брисел да преговара за укинување на царините наметнати од Трамп за европските стоки, ЕУ сè уште не постигна никаков напредок.

Изјавите на Трамп претставуваат значителен пресврт од неговите пофални зборови за претседателката на Европската комисија минатата недела, кога ја нарече Урсула фон дер Лајен „фантастична“ и изрази надеж дека наскоро ќе се сретнат.

Иако Трамп веќе се сретна со голем број европски лидери, фон дер Лајен сè уште не го закажала својот состанок со американскиот претседател. Минатата недела таа изјави дека состанокот ќе се одржи само ако на маса има „конкретен“ трговски пакет за кој може да се преговара./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +