Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Соопштение на СДСМ:

Со лажни слики и јалови лаги сателитите на Мицкоски од ЗНАМ нема да го демотивираат и излажат членството на СДСМ, ниту пак граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ преку своите сателити како ЗНАМ и луѓе кои заради лични интереси ја напуштија партијата повторно се обидува да прави поделби. Истите кои го делеа СДСМ се обидуваат повторно да одработат за ВМРО-ДПМНЕ и со тоа се надеваат дека Мицкоски ќе им даде некое кандидатско место за локалните избори.

Откако Максим Димитриевски и ЗНАМ се фатени во сериозен криминал, сега се обидуваат со лаги за Филипче да печалат некакви поени. Граѓаните и членовите на СДСМ знаат која е нивната улога во политиката како измеќари на ВМРО-ДПМНЕ, со една цел да ја напаѓаат СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК