Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ДВАЈЦА МАЖИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ – Полицијата најави соодветен поднесок

ДЕСК

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ НА ДЕТЕ ПОД 15 ГОДИНИ – МВР информира за случај од јули 2025

ДЕСК

КАВГА ВО СООБРАЌАЈОТ ЗАВРШИЛА СО ФИЗИЧКИ НАПАД, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Инцидент во скопски Центар

ДЕСК