Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка: Судир меѓу мотор и автомобил, едно лице итно пренесено во болница

ДЕСК

Шокантно: Ограбена џамија – украдени парите од сефот за донации

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК