Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Нов влажен бран кој носи невреме доаѓа веќе деновиве – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

Прогноза за 14.05.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 15.05.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.05.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК