Centar.mk
БИЗНИС

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

„Согласно нашето предизборно ветување излезен е Јавниот повик за финансирање на земјоделските задруги. Според нас здружувањето на земјоделците е клучот на успехот за пласманот на земјоделските производи заради конкурентност и економска добивка“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Јавниот повик трае до деветти јуни, максимално финансирање по корисник е 15 милиони денари со 90% кофинансирање за основни средства, обртни средства“, појасни министерот.

Тој посочи дека со Јавниот повик се излегува во пресрет на задругите за да им се помогне во вистинска смисла на зборот.

„Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи“, истакна министерот.

Можеби ќе ве интересира

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

ДЕСК