Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија автомобил и полициски мотоцикл во Скопје – едно лице итно во боллница

На 10.05.2025 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на раскрсница од ул.„Џон Кенеди“ со бул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи), а по судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило „пежо 308“.

Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК