11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Ќе излеземе со најдобра понуда луѓе за кандидати за градоначалници и советници на изборите

ВМРО-ДПМНЕ останува нашиот главен политички противник, а консолидацијата на партијата се одвива постојано, порача претседателот на СДСМ во „Политиканти“.

Според него, многу гласачи на СДСМ на последните избори од револт гласале за ЗНАМ но сега тие гледаат дека биле излажани.

Филипче додаде дека внимателно се работи на консолидација на партијата и избор на најдобрите лица како за партиски функции, така и за претстојните локални избори.

„Работиме секојдневно и праќаме пораки и на членовите, и на симпатизерите, и на сите гласачи, дека ги научивме лекциите од тој пораз, дека делуваме поинаку и дека со политиките кои што ги градиме и ги презентираме веруваме дека тие ќе возвратат со доверба. Консолидацијата не е лесен процес и јас многу внимателно го водам тој процес, да кажам секое скалило го поминувам по два пати, со цел да не погрешам во селекцијата на луѓето, а тоа е една од клучните работи, која што утре ќе ја води партијата напред. Значи да ги избереме најдобрите луѓе да ја претставуваат партијата, како во партиските структури, така и на изборите кои што сега доаѓаат за градоначалници и на советничките листи“ потенцира Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.