Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мургашанска: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово:

Почитувани,

Денеска продолжуваме со прашања до Максим Димитриевски кој е длабоко заглавен во криминал и фатен во корупциски скандал тежок 350.000 евра. Три дена по објавувањето на скандалот, Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, а институциите се уште не молчат и не постапуваат.

Денес ќе прашаме јавно која е позадината и договорот за поддршката која одеднаш дојде од советничката група на ДУИ? Што Максим ветил?Прашуваме, дали е точно дека станува збор за договорено „завршување работа“ за сообраќајно решение на една зграда која се гради, а е во сопственост на еден од советниците? Дали она што го гледаме е класична размена на услуги?

Чекаме одговор од големиот борце за правда Димитриевски. Максим И овој пат се надеваме дека ќе воздржи од непродуктивните контранапади, ниедно обвинување кон СДСМ не може да го побие фактот дека со овој скандал тој ги урна своите клучни изборни ветувања пред граѓаните – дека ќе се залага за правда и дека ќе се бори против ДУИ.

Граѓаните на Куманово со право се во шок, човекот кој не престана да зборува дека имало криминал во државата и дека за тоа, пред сè, е виновна ДУИ, сега самиот прави криминал со поддршка на советниците на ДУИ. СДСМ јасно предупредуваше за ова уште во изборната кампања. ЗНАМ е во политиката поради две причини: прво, да биде продолжена рака на Мицкоски, и второ, Димитриевски да си ги спроведува криминалните проекти во општина Куманово.