Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето се менува, значителна промена – Метеоцентар со детална прогноза

Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови (20 до 30 l/m2), а во останитите (10 до 20 l/m2). Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.

Прогноза за 10.05.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 11.05.2025
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 12.05.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има повремен локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +