12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Талески: За мандатот на Тошковски во Прилеп се запалени 24 возила, градот е опасно место за живеење

-Во мојот град, Прилеп, исто така е катастрофална ситуацијата. За време на мандатот на Тошковски, во Прилеп се запалени 24 возила, опожарен е ноќен клуб, во двор од куќа е фрлена бомба, во друга е поставена експлозивна направа, а угостителските објекти станаа мегдан за насилство и оружени пресметки. Со ДПМНЕ, Прилеп стана опасно и небезбедно место за живеење., рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната седница во Собранието на којашто дневен ред е интерпелацијата за министерот Панче Тошковски.

Поднесувате кривични пријави за граѓани поради објави на Фејсбук, се изживувате врз народот, им се заканувате на родителите од Кочани, а криминални банди хараат по македонските улици, додаде Талески.

Тој потенцираше дека МВР е толку паднато на колена што пред очите на јавноста, во двор на полициска станица, се случуваат крвави пресметки со загинати и повредени.

-Преку 30 инциденти со огнено оружје се имаат случено. Се случи безбедносен скандал на скопскиот аеродром, каде што пиштолџија од обезбедувањето на претседателот на Собранието се закануваше со пиштол и нападна полицаец. Се случи скандал и со организираното пуштање на слобода на Блерим Рамадани, баран со меѓународна потерница. Понатаму, имаше серија скандали на северната граница со Косово. Бодигардот на премиерот тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје, а Тошковски целосно го ослободи од одговорност. Другиот бодигард на премиерот беше фатен во мега скандал со продавање службена тајна. Ова е тотален распад на безбедносниот апарат, рече Талески.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

C +

Шукова: Нови дневни центри, прифатилишта за жени жртви на насилство, фонд за лица во ризик и грижа за секој жител на Скопје

C +
error: Соддржината е заштитена.