Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Интерпелацијата на Тошковски на дневен ред во Собранието

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група Левица. Пленарната седница е закажана во 11 часот.

Левица ја поднесе интерпелацијата на 14 април поради тоа што, како што велат од партијата, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Од Левица велат дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Според партијата, МВР потфрлило и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК