26. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трипуновски: Над 130 милиони евра легнаа на сметките на земјоделците

Со самото влегување во Владата, во Министерството, наследивме една хаотична состојба, значи празна каса, неисплатени субвенции, недонесени законски и подзаконски акти, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање.

„Со сите заостанати обврски кои што ги наследивме, можам слободно да кажам дека се исплатени околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на субвенции. Тоа се речиси 130 милиони евра кои што легнале на сметка на земјоделците од сите групи на производители“, нагласи министерот.

Тој додаде дека ова е уште еден показател дека кога се работи домаќински, посветено, одговорно, се вреднува трудот на македонскиот земјоделец.

„На вистинската патека сме за да ја вратиме довербата на земјоделците спрема Владата и институциите. Тоа ние заедно со премиерот Мицкоски го докажавме изминативе 10 месеци и така ќе продолжиме во следниот период“, посочи министерот Трипуновски./Извор:Makfax