18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но цврсто ќе се спротивстави на секој што ќе постигне договор на штета на Кина, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Кина „ќе преземе контрамерки на решителен и реципрочен начин“ доколку која било земја бара такви договори, рече министерството, осврнувајќи се на веста дека администрацијата на Трамп се подготвува да изврши притисок врз други земји да ја ограничат трговијата со Кина во замена за ослободување од царини од САД.

Кина е одлучна и способна да ги заштити сопствените права и интереси, додаде кинеското министерство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Гранатирање кај најголемата нуклеарна централа во Европа, се крева црн чад; МААЕ издаде предупредување

C +

Британија го пречекува Трамп со голема помпа и надеж дека ќе се избегнат тешки прашања

C +

Израелски министер: Ќе изградиме величествена полициска населба во Газа

C +