Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).

Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите што се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјата во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница „Систина“ и еден пациент на Клиниката за пулмологија.

Од Министерството за здравство известуваат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК