Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во странство се лекуваат 68 пациенти по пожарот во „Пулс“, најавени неколку исписи деновиве

Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување, информираат од Министерството за здравство.

Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски”, двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во ,,Систина”./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК