Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањњето објавено на социјалните мрежи

-На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот, информира МВР.

-Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК