Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера 794 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 163 за брзо возење

-Од вкупно издадените 794 платни налози во текот на вчерашниот ден (03.04) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 269 платни налози, по основ на возење со брзина поголема од дозволената 163 санкции, за возење без возачка дозвола изречени се 69 мерки, соопшти МВР:

-Статистички гледано изречени се 57 мерки по основ на неносење сигурносен појас, потоа 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 33 санкции за пешаци и три за неносење заштитен кацига.

Инаку вчера изречени се седум санкции за возење под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 12 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 10 возила затоа што не биле со важечка регистрација.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +