Centar.mk
БИЗНИС

Цукерберг, Безос и Илон Макс изгубија милијарди долари поради царините на Трамп

Според пресметките на „Блумберг“, 500 најбогати луѓе во светот вчера изгубиле 208 милијарди долари поради остриот пад на акциите по наметнувањето на тарифите од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ова е четвртиот најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на Bloomberg Billionaires Index, а исто така и најголем од врвот на пандемијата на ковид-19.

Најголеми загуби забележале шефовите на американските технолошки гиганти. Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг, изгуби најмногу – 17,9 милијарди долари – кога акциите на неговата компанија паднаа 9 проценти, известува „Блумберг“.

Џеф Безос загуби 15,9 милијарди долари кога акциите на „Амазон“ исто така потонале 9 проценти во еден ден.

Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што неговите вкупни загуби од почетокот на годината изнесуваат 110 милијарди долари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

КОСОВО ВРАТИ НАД 12 ТОНИ МАКЕДОНСКИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ – АХВ најави вонредна инспекција

ДЕСК

ДИЗЕЛОТ СО ПЛАФОН ОД 94,50 ДЕНАРИ – Што важи пред понеделничката пресметка?

ДЕСК

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ СО ГОЛЕМ РАСТ – Николоски очекува до 400.000 патници до крајот на годината

ДЕСК