Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влада: Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната изнесува 26.258 денари

-Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари. Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари. Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот, соопшти Владата.

-Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж. Грижата за пензионерите е наша обврска и цел. Како Влада продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК