Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Талески го повика Тошковски да си поднесе оставка, трагедијата во Кочани е огромна

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да си поднесе оставка, откако тоа не го направи на 16 март, по трагедијата во Кочани. На седницата посветена на собраниски прашања, Талески, иако постави конкретни прашања за трагедијата во Кочани за сите институционални и системски пропусти на МВР, министерот Тошковски избегна да даде конкретни одговори.

-Министре Тошковски, 15 месеци сте министер за внатрешни работи и уште не знаете каде се наоѓате и која функција ја извршувате. Овде, во ова Собрание, сте избрани да одговарате на прашања, а не да поставувате прашања. Избегнавте да дадете одговор на сите прашања што ви ги поставивме. Според Законот за јавни собири, сте имале обврска да постапите според фактите што ви ги споменав. Ако не сте постапиле и ве боли, тоа е ваш проблем. Граѓаните бараат одговори на прашања, а не да држите овде политички памфлети. Вака може да се однесувате во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, но овде сте должни да одговорите пред граѓаните. Имавте шанса на 16 март вечерта да поднесете неотповиклива оставка, но бидејќи тоа не го направивте, еве сега имате можност тука, пред македонското Собрание и пратениците што ве избраа, и пред претседателот на Владата што ве предложи, да си поднесете неотповиклива оставка, од морални причини, поради пропусти но и затоа што не дадовте никакви одговори за фактите што ви ги дадовме во Собранието, поврзани со трагедијата во Кочани – рече Талески.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК