Centar.mk
СВЕТ

Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Кинеското Министерство за трговија ги повика САД „веднаш да ги повлечат овие еднострани царински мерки и соодветно да ги решат трговските спорови преку еднаков дијалог со своите партнери“.

„Кина цврсто се противи на овој потег и ќе преземе решителни контрамерки за да ги заштити своите права и интереси“, рече портпаролот.

Претходно, кинеската државна новинска агенција Ксинхуа објави коментар во кој царините ги нарече „самоуништувачко насилство“ и го обвини Трамп дека „трговијата ја претвори во премногу поедноставена игра на одмазда“.

Кина е можеби најтешко погодена од објавата на Трамп, бидејќи е воведена дополнителна царина од 34% за сите кинески стоки – покрај постојните 20%./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК

СРЕДБА ВО КРЕМЉ – Путин го прими иранскиот функционер Резаи

ДЕСК