Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“

 

 

 

Во насока на поддршка на малите претприемачи и создавање можности за нивна поголема видливост и пласирање на производите, Дајмонд мол со гордост гo најавува „Цветниот фестивал“, кој ќе ја збогати програмата на пролетни настани во Скопје.

 

Од 3 до 6 април, Дајмонд мол ќе биде домаќин на „Цветен фестивал“, каде ќе се слави убавината на природата преку изложба на разновидни цвеќиња, растенија и градинарска опрема. Овој фестивал е идеална можност за сите љубители на зеленилото и хортикултурата да најдат инспирација, совети од експерти и уникатни растенија за својот дом или градина.

 

Фестивалот посветен на цвеќето Дајмонд мол го организира втора година по ред, а лани  предизвика голем интерес кај посетителите, кои се запознаа со вештините за изработка на цветни аранжмани за различни пригоди и добија многу иновативни идеи за декорација и украсување. 

 

Настанот е дел од разновидната програма на Дајмонд мол, со која постојано настојуваме да создадеме уникатни искуства за нашите посетители и да ја зајакнеме локалната економија преку поддршка на малите бизниси и занаетчии. Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да ја прославиме пролетта!

Можеби ќе ве интересира

Детското штедење Халки ја поттикнува вредната навика да се мисли на иднината

ДЕСК

Компанијата dm дрогерие маркт ја ужива довербата на купувачите! Бизнис заедницата ја прогласи за најдобра во земјава во категорија „Трговија на мало со козметички препарати“

ДЕСК

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус – издвоени речиси сто милиони евра

ДЕСК