Centar.mk
СВЕТ

Седумгодишно девојче почина во ски-центар во САД: голема карпа падна врз неа

Седумгодишно девојче од Невада починало откако било погодено од голема карпа која се откинала и паднала врз неа во ски-центар, соопштија локалните власти.

Аделин Грајмс почина по несреќа во ски-одморалиштето „Дајмонд Пик“ во селото Инклин, а Канцеларијата на судски совет од округот Вашо утврди дека станува збор за несреќа, објавија американските медиуми.

Скијачкиот центар „Дајмонд Пик“ изрази искрено сочувство до семејството на починатото девојче.

Околу 15 часот и 38 минути била повикана брза помош, а ски патролата веднаш укажала прва помош. Според соопштението од одморалиштето, набрзо пристигнале членовите на пожарникарската служба на Норт Лејк Тахо и Одделот на шерифот на округот Вашо.

„И покрај напорите на итната помош, детето им подлегна на повредите“, се вели во соопштението од ски-центарот, кој се наоѓа североисточно од езерото Тахо, на страната Невада.

Во посебна изјава, канцеларијата на шерифот, која го истражува случајот, го опиша инцидентот како трагична несреќа.

„Во овој случај нема елементи за кривично дело, а канцеларијата на шерифот изразува најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“, велат тие./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +