Centar.mk
СВЕТ

Нема знаци на живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град на Тајланд, каде што беа заробени повеќе од 70 луѓе.

Спасувачите утрово се подготвуваат да копаат подлабоко, а гувернерот рече дека е подготвена и тешката механизација.

Досега избегнуваа да користат тешка механизација од страв дека зградата може дополнително да се урне. На почетокот на операцијата успеале да лоцираат неколку преживеани под урнатините, но во последните денови се извлечени само тела, вкупно 13 досега.

Чадчарт утрово изјави дека сегашната цел на операцијата е да се извлечат телата на загинатите.

Властите, сепак, се уште официјално не ја нарекуваат оваа операција потрага по тела, јавува Би-би-си.

За потсетување, над 2.000 луѓе загинаа, а 3.400 беа повредени во земјотресот со јачина од 7,7 степени во петокот, еден од најсилните во Мјанмар, објави воената влада. И во Тајланд има загинати.

„Сите воени и цивилни болници, како и здравствените работници, мора да работат заедно на координиран и ефикасен начин за да обезбедат ефективен медицински одговор“, изјави лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, цитиран од државните медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

C +

Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

C +

Од музејот Лувр украдени над 8.000 дијаманти и 200 бисери: Откриени нови детали за грабежот на векот

C +