На 21.06.2026 во 10:05 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода лице(18) од Тетово. Тој бил затекнат како управува патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки без да се стекне со право на управување моторно возило. Возилото е одземено и против него ќе следува соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
На 21.06.2026 во 14:20 часот на улица „Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово затоа што управувал мотоцикл без регистарски таблички и без возачка дозвола. Мотоциклот е одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
На 21.06.2026 во 17:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар запреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 15-годишен малолетник од село Долна Ѓоновица. При контролата било констатирано дека тој не поседува возачка дозвола, по што е лишен од слобода во присуство на родител и инспектор за малолетници. Мопедот е задржан и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полицијата исто така објави дека на 21.06.2026 во 18:30 часот во гостиварското село Долна Бањица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода три лица поради управување возила без возачки дозволи. Станува збор за лице (26) од Гостивар, кој управувал мопед со скопски регистарски таблички, лице (25) од Тетово и лице (25) од Гостивар, двајцата управувале мотоцикли без регистарски ознаки. Тројцата се лишени од слобода, а возилата им се одземени и против нив ќе следува соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
На 21.06.2026 во 22:40 часот во близина на клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.С.(38) од село Буковиќ, кој бил затекнат како управува товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото е задржано и против него ќе следува соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
На 21.06.2026 во 23:20 часот на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, полициски службеници извршиле алкотестирање врз едниот од возачите, маж(57) од село Врапчиште, кој управувал возило „мерцедес“ со гостиварски ознаки. Притоа, му биле измерени 2,54 промили алкохол во организмот, а во консултација со јавен обвинител, возачот е лишен од слобода и возилото е одземено. По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


