Centar.mk
СВЕТ

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.

Bеше објавено и дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.

Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.

Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 патници го напуштиле крузерот по првата смрт од хантавирус: властите трагаат по нив

C +

69 дена без интернет: Иранците отсечени од светот

C +

ЕУ воведува дигитални возачки и заеднички забрани: Ако ви ја одземат дозволата во една земја, нема да возите никаде во Унијата

C +