Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето.

Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на 30 март ќе се поместат еден час нанапред и ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.

Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +