Centar.mk
РЕГИОН

Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.

Авионот морал да се врати поради технички проблеми.

„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.

Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.

За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.

Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Членовите положија заклетва и ја презедоа одговорноста за државата

ДЕСК

СРБИЈА СО КАЗНИ ЗА ТЕЛЕВИЗИИТЕ – Забранети емисии на „Информер“, санкции за Б92 и „Курир“

ДЕСК

СРБИЈА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ЗЕТОТ НА ТРАМП – Заврши проектот за луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград

ДЕСК