Centar.mk
СВЕТ

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.

Тие велат дека земјотресот траел многу долго време, а првата снимка е веќе поставена на Икс, на која се гледа како силно се почувствувал земјотресот во Бангкок, кој е оддалечен речиси 1.000 километри од епицентарот.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се тресеше повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тие во коментарите.

Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути, други пишуваат дека се урнала зграда во Бангкок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ќе се обидам да дојдам на свадбата на мојот син, го познавам долго време

C +

Американската војска: Силите на Блискиот Исток се во состојба на зголемена готовност

C +

Руте се обидува да го задржи Трамп во НАТО. „Ова може да предизвика нов конфликт со ЕУ“

C +