Centar.mk
РЕГИОН

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и слетал во Белград околу 01:20 часот. Набрзо повторно полетал и слетал во Бања Лука околу 2 часот.

Порталот „Кликс“ пишува дека се претпоставува дека Додик излегол од авионот во Белград.

За потсетување, Судот на БиХ му одреди притвор и издаде налог за апсење на Додик бидејќи не одговорил на поканата за распит што му ја испрати Обвинителството на БиХ како дел од истрагата поради сомневање дека сторил кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ.

Сепак, Додик некако успеа непречено да ја напушти БиХ во понеделникот и да се појави во Белград, каде застана покрај Александар Вучиќ на митинг организиран од неговата влада по повод годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашната Сојузна Република Југославија во 1999 година.

Во вторникот, тој продолжи во Израел за да учествува на конференцијата за борба против антисемитизмот организирана од Министерството за прашања на дијаспората на израелската влада.

Во написот „Ерусалим пост“ се наведува дека Додик ненадејно ја напуштил конференцијата во Ерусалим за антисемитизам по само еден час, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично откако Судот на Босна и Херцеговина нареди распишување меѓународна потерница против него./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК