Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина центар
ЛОКАЛНО

Герасимовски и амбасадорите го одбележаа месецот на Франкофонијата и оддадоа почит на жртвите од Кочани

Денеска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со амбасадорот на Франција, Кристоф ле Риголер, дипломатски претставници од Република Грција, Кралство Белгија, Канада, Република Романија, Република Бугарија и Швајцарија, ученици, наставници и гости, го одбележаа месецот на Франкофонијата преку настанот „Ден на франкофонските култури“, кој се одржа во ООУ „Киро Глигоров“.

Преку интерактивни штандови, учениците од неколку основни училишта ја доближија културната разновидност на франкофонските земји, покажувајќи дека јазикот и културата се мостови што нѐ поврзуваат. Овој настан е доказ за посветеноста на Општина Центар кон образованието и меѓународната соработка.

„Изучувањето на францускиот јазик во нашите училишта е повеќе од наставна активност – тоа е начин да се изградат цврсти мостови на пријателство и соработка со земјите од франкофонскиот свет. Преку ова партнерство, покажуваме дека иако потекнуваме од различни култури, споделуваме заедничка посветеност кон знаењето, разбирањето и солидарноста“, изјави Герасимовски.

По едноминутниот молк, со заеднички чин на солидарност беа засадени дрва во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

„Споменот на трагично загинатите нека бидат врежани во колективната меморија, а дрвата засадени нека симболизираат круг на животот, надеж и заедништво. Продолжуваме да ја градиме и негуваме културата, образованието и вредностите што нè зближуваат“, рече Герасимовски.

Настанот беше во организација на Француската Амбасада, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар, а учество земаа сите центарски основни училишта.
Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК